Последиците од пандемијата ќе се чувствуваат со години: Поради ударот врз економијата, во сиромаштија би можеле да потонат половина милијарда луѓе...

Точка

09/04/2020

19:21

2.406

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот би можела во сиромаштија да втурне дури половина милијарда луѓе ширум светот, предупреди денес непрофитната организација „Оксфам“.

„Оксфам“ ги повика светските лидери во пресрет на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и министрите за финансии на земјите од Г20, да усвојат мерки за помош на економијата за земјите во развој „да ја одржат главата над водата“.

Извештајот кој го нарачале од „Оксфам“ сугерира дека сиромаштијата во светот би можела да порасне од шест до осум проценти во однос на нивото од 2018-та година, со оглед на тоа што владите ги сопреа економските активности за да го сопрат ширењето на пандемијата на коронавирусот.


„Тоа би можело да ја уназади борбата против сиромаштијата за десет години, а во некои земји од субсахарска Африка, Блискиот исток и северна Африка за дури 30 години“, стои во заклучокот од истражувањето кое го спровеле лондонскиот Кралски колеџ и австралискиот Национален Универзитет.

Ако примањата поради рецесијата поттикната од пандемијата се намалат за 20%, тоа за дополнителни 548 милиони луѓе ширум светот ќе значи пад под 5,50 долари дневно, ниво кое Светската банка го дефинира како граница на сиромаштија за земјите со горен среден доход, велат научниците.


Поради тоа „Оксфам“ предлага исплата на безповратна помош и поголема поддршка за помалите претпријатија и моментален прекин на наплата на долговите на сиромашните земји. Тие исто така ги повикуваат богатите земји веднаш да ја зголемат помошта за најсиромашните и да усвојат кризни даноци за солидарност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг