Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Макфакс

09/04/2020

17:17

1.532

Големина на фонт

а а а

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го објави Светската банка во својот извештај.

Оваа прогноза претпоставува дека пандемијата со коронавирусот ќе се смири до јуни. Но, доколку трае цела година, тогаш Светска банка проценува дека падот на бруто-домашниот производ годинава ќе надмине -2%.

Краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со Ковид-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година.

Пандемијата и мерките за ограничување на дрижењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, пишува во најновиот извештај на Светската банка.

Споредено со земјите од регионот, прогнозата за македонската економија е најоптимистичка. Првото сценарио кое засега го зема предвид Светската банка, превдиува пад на економијата од дури -6,2%, Бугарија -3,7%, Босна и Херцеговина -1,9%, Косово -1,6%, Црна Гора -1,5%, Албанија -1,3%, Србија -0,5%.

Од Светската банка анализираат дека економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

„Светската банка ја финализира програмата на активности за да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција.

Првичната прогноза на Светската банка за македонската економија пред да се појави пандемијата со коронавирусот беше раст од 3,2%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг