Добра вест од Италија, премиерот соопшти кога животот ќе започне да се враќа во нормала: Чекаме потврда од научниците

Точка

09/04/2020

13:46

4.344

Големина на фонт

а а а

Италија би можела да започне со постепено укинување на некои рестрикции за сузбивање на коронавирусот до крајот на април, доколку продолжи намалувањето на ширењето на епидемијата, потврди премиерот Џузепе Конте.

„Мораме да избереме сектори кои можат повторно да ги стартуваат своите активности. Ако научниците го потврдат тоа, би можеле да започнеме да релаксираме некои мерки веќе кон крајот на овој месец“, изјави италијанскиот премиер Конте.

Конте сепак нагласи дека животот во Италија ќе се враќа во нормала постепено. Во средата во Италија како последица на коронавирусот починаа 542 лица, а ден претходно 604. Досега вкупно во оваа земја починаа 17,669 лица. Во средата на интензивна нега беа 3,693, а ден претходно 3,792.


Одлична вест е што веќе петти ден по ред се намалува бројот на пациенти сместени на одделението за интензивна нега. Поради тој тренд, властите се надеваат дека вирусот се повлекува, а за тоа придонесуваат актуелните мерки.

Сепак, италијанските власти најавуваат голема претпазливост, со оглед на тоа што во средата беше објавено дека се потврдени 3,836 нови случаи на зараза, што е пораст во однос на 3,039-те новозаразени од претходниот ден.


Коронавирусот е потврден кај вкупно 139,422 лица во Италија, а само Соединетите Американски Држави и Шпанија имаат повеќе заразени на глобално ниво.

Италија воведе карантин на 8-ми март, а две седмици подоцна Конте објави дека ќе се затворат привремено сите „бизниси“ кои не се нужни, вклучувајќи го и производството на автомобили, облека и мебел. Поради тоа, големите компании од северот на Италија сега бараат отворање на фабриките за да се спречи економска катастрофа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг