Во изминативе неколку денови се појавија шпекулации кои го поврзаа Кристијано Роналдо со сензационално враќање во редовите на Реал Мадрид.
Наводно Јувентус поради кризата со коронавирусот нема да може да го исплаќа Португалецот кој веројатно ќе биде ставен на трансфер листа.
Дека негово враќање во Реал Мадрид не би било изненадувачки смета неговиот соиграч од репрезентацијата на Португалија, Жозе Фонте.
– Знам дека тој го сака Реал Мадрид, тоа е сигурно. Јасно е дека го сака клубот, тоа е еден од најголемите клубови на светот, ако не и најголем. Таму остави многу пријатели и многу отворени врати. Значи, не би ме изненадило ако се врати во Мадрид, - изјави Фонте.