Активистите кои донираат заштитни маски со визири апелираат дека имаат потреба од материјали

Макфакс

09/04/2020

13:18

1.230

Големина на фонт

а а а

Досега се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми.

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сè уште e во тек, а само на 7 април биле опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на:

Здравствен дом – Скопјe, Градска општа болница „8 Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донираше 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска општа болница „8 Септември”.

Поради зголемената употреба на вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ апелира до сите оние кои можат да ги снабдат со вералит (проѕирен дел од визирот) да им се обратат.

„Доколку не успееме да набавиме вералит, акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи“, велат активистите.

Иницијативата на фејсбук-групата:

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share.



Спонзорирани линкови

Маркетинг