Касиљас сака да се врати во старото јато: Убеден сум дека еден ден ќе се случи тоа…

Дерби

09/04/2020

12:40

745

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен голман Реал Мадрид, Икер Касиљас е убеден дека еден ден ќе се врати во „кралскиот клуб“.

Касиљас беше голман на Порто пред да стави привремен крај на кариерата поради срцев удар кој му се случи на еден од тренинзите на португалскиот клуб.

Сега легендарниот Икер ја разгледува опцијата да се врати во Мадрид како член на управата на клубот или како член на тренерските школи меѓу „кралевите“.

– Еден ден би се вратил, зошто да не? Го сметам Реал за мој дом иако ме нема таму пет години. Врската е очигледна, таму бев цели 25 години и секако дека сум убеден дека ќе се вратам еден ден во клубот, - изјави Касиљас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг