Манчестер Јунајтед го обновил интересот за играч на Реал Мадрид, „кралевите“ ќе го користат во можен трансфер на Погба?

Дерби

09/04/2020

12:38

544

Големина на фонт

а а а

Во последно време повторно почна да биде актуелна темата поврзана со Пол Погба и неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Од ден на ден шпекулациите се зголемуваат, па голема е веројатноста Французинот ова лето да го реализира тоа што не успеа минатото и да направи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, од Манчестер Јунајтед го обновиле интересот за играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез кој би можел да биде вклучен во некоја понуда од страна на „кралскиот клуб“.

Хамес не се изнаигра оваа сезона во Реал Мадрид, а следната година ќе му биде последната од неговиот актуелен договор со клубот од главниот град на Шпанија. Токму затоа од Реал Мадрид сакаат да го продадат ова лето со цел да добијат финансии, а можно е играчот да го искористат како дел од договорот со Манчестер Јунајтед за Пол Погба.

Се уште не е познат ставот на „ѓаволите“ за иднината на нивниот најскап фудбалер, меѓутоа од ден на ден станува се појасно дека тие сепак ќе мора да попуштат пред нападите од другите клубови, а пред се пред желбите на самиот играч да си замине од клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг