Овие денови во кои беснее пандемијата од коронавирусот, во Атлетико Мадрид тагуваат и поради фактот што во краток период изгубија неколку сегашни, но и минати членови на клубот.
Најпрво, ненадејно почина еден од нивните најголеми таленти во младинските школи, 14 годишниот Кристијан Минцола Санчез. Потоа на 72 годишна возраст почина и легендата на клубот, Хозе Луис Капон.
Пред неколку денови во Мадрид почина и легендарниот српски стратег кој донесе големи успеси за Атлетико Мадрид, Радомир Антиќ.
Денес стигна вест дека починал и Мигел Џонс, легенда на „душекчиите“ која во 60тите години постигнала 50 погодоци во дресот на Атлетико Мадрид. Џонс кој имаше 81 година почина во Шпанија, а причината за смртта се уште не е потврдена.