Легендарниот Фердинанд призна дека бил блиску до заминување од Манчестер Јунајтед и трансфер во гигант од Ла Лига

Дерби

09/04/2020

10:52

913

Големина на фонт

а а а

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд откри дека во минатото бил многу блиску од заминување од „Театарот на соништата“.

Стоперот кој влезе во историјата на клубот како еден од најдобрите одбранбени играчи кои го носеле дресот на Манчестер Јунајтед призна дека во 2008 година бил блиску до премин во редовите на Барселона.

Тогаш, Франк Рајкард се заинтересирал за услугите на Рио, а челниците на Барселона оствариле и неколку контакти со агентот на играчот.

– Беше многу блиску. Тие разговараа со мојот агент, Барселона веќе ги договори основите. Јас зборував со Рајкард, тоа беше откако ремизиравме со Барселона (0:0). Со него зборував во тунелот. Отсекогаш велев дека сакам да одам и да играм во странство. Единствена работа која би ме спречила во тоа е да бидам успешан во родната земја. Имав среќа да пронајдам прекрасен клуб како Манчестер ЈУнајтед и беше невозможно да си заминам. Тогаш ги победивме, а подоцна станавме шампиони на Европа. Значи, зошто да си одам од шампионот на Европа и да се преселам во тим кој тогаш беше во транзиција? Во тоа време Чави, Иниеста или Меси не беа играчите кои што станаа три или четири години подоцна, - изјави Фердинанд.

Во следните години Манчестер Јунајтед и Барселона два пати се сретнаа во финалето од Лигата на шампионите и два пати како победник излезе тимот на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг