Роналдињо преку видео порака ја дозна одлуката на судот

Дерби

09/04/2020

10:50

918

Големина на фонт

а а а

Легендарниот бразилски фудбалер вчера го напушти затворот во Парагвај и е преместен во домашен притвор во луксузниот хотел „Палмарога“.

Роналдињо помина 32 дена во затворот во Асунсион откако му беше доделена казна затвор од шест месеци поради фалсификување на патна исправа со која влегол во Парагвај.

Сепак, Роналдињо доби значително намалување на казната и заедно со неговиот брат сега го напуштија затворот, а одлуката на судот ја слушаа преку директна видео комуникација со судијата задолжен за овој случај.

Парагвајската телевизија „АБЦ“ објави видео на кое се гледа како судијата, Густаво Амариља му ја соопштува одлуката на Роналдињо и неговиот брат преку видеоповик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг