Ситуацијата во Велика Британија ескалира: На секои две минути умира по еден пациент од коронавирус...

Точка

09/04/2020

10:36

2.749

Големина на фонт

а а а

Велика Британија од ден во ден има се поголем број на починати од коронавирусот, а според податоците на тамошното министерство за здравство, од Ковид-19 на секои две минути животот го губи по еден Британец.

Смртноста во Велика Британија достигна 7,172 откако во претходните 24 часа починаа 936 лица, а претходниот ден беше „најсмртоносниот“ ден во земјата досега.

Податоците покажуваат дека во Англија се регистрирани најмногу смртни случаи, дури 6,483, а потоа следуваат Шкотска со 366, Велс со 245 и Северна Ирска со 78 починати. Најголемо жариште моментално на Островот е Бирмингем каде има повеќе заразени отколку во било кој лондонски округ.

Речиси 1,400 од вкупно 55,242 потврдени случаи во Велика Британија се во Бирмингем, што е повеќе од било кој округ во главниот град. Од Универзитетската болница во Бирмингем соопштија дека бројот на починати до вчера се искачил на 306 смртни случаи.

Сепак, британските власти се оптимисти, затоа што порастот на новозаразени се намалува и се чини дека изолацијата има ефект. Податоците кои се собираат од два милиони луѓе во Велика Британија кои ја користат новата апликација за следење на симптомите на Ковид-19 сугерираат дека мерките за изолација го забавуваат ширењето на вирусот.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изјави во текот на вчерашниот ден дека Велика Британија не е во можност да ги намали мерките за изолација, затоа што врвот на епидемијата на Ковид-19 веројатно ќе биде за нешто повеќе од една седмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг