Потресна исповед на медицинска сестра: „Кога некој ќе умре од корона, најлош е звукот...“

Точка

08/04/2020

21:02

13.005

Големина на фонт

а а а

Откако изби пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи секојдневно се споделуваат потресни сведоштва од медицинските работници.

Сестрата Александра Мациас во подолга објава на Фејсбук ги опишала тешкотиите со кои се соочува секојдневно, извршувајќи ја својата работа, а открила и што е она што најмногу ја погодува.

Објаснила дека најмногу ја прогонува звукот од ѕвонењето на мобилниот телефон на починатиот пациент, чии блиски сè уште не дознале за неговата смрт и сакаат да го слушнат уште еднаш. За само 24 часа нејзината објава стана вирална.

„Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не морав да се плашам за некој кој е толку здрав, а истовремено смртно болен. Инаку не работам на интензивна нега, но сега морам да работам, бидејќи немаме доволно персонал ниту опрема, ниту пак луѓе со искуство (а кој би можел да има искуство за оваа болест?). Веќе два дена велам дека сакам да си одам дома, но колегите секогаш успеваат да ме предомислат велејќи ми дека многу ќе се каам ако престанам да помагам, затоа останувам“, започнала таа.

Во продолжение открила дека ова ѝ е 11-ти ден како се грижи за пациентите на интензивна нега и опишала колку ѝ е тешка работата со смртно болните пациенти.

„Се грижам за нив сè до нивната смрт. Никој досега не си заминал од нашиот оддел, а да не е починат... Се трудам да сфатам која е целта што сум тука. Секојдневно нѝ доаѓаат луѓе со тешки респираторни проблеми и многу се исплашени. Им објаснувам што му прави вирусот на телото и кои се ризиците од интубација. Ги слушам нивните последни повици од членовите од семејството. Ако за нешто служи мојот престој тука, тогаш е тоа фактот дека сум им помогнала да ги поминат последните моменти со нивните најблиски. Кога ќе починат, нивните работи уште се тука. Мобилните телефони им ѕвонат. Најлошо е кога ќе слушнам дека на некој починат му ѕвони телефонот и знам дека некој го бара молејќи се барем уште еднаш да му се јави“, пишува Александра.

Додала дека тука не станува збор само за постарите лица.

„Млади се, многумина од нив без никакви медицински проблеми. Физички силни луѓе кои работеле по неколку работи додека коронавирусот не почнал да им го уништува телото. Овој вирус убива. Во еден момент тоа се претвора само во труд што подолго да ги одржиме живи. Некогаш се чини дека нашите напори се залудни, но се трудиме, бидејќи знаеме дека би сакале и за нас некој да го направи тоа. Како медицинска сестра, сум видела стотина луѓе како умираат, но обично опкружени со членови од семејството и можат да се збогуваат. Со коронавирусот не е така, овој пат нема збогување. Не можам да ви опишам колку боли тоа, колку е реално и колку се плашам дека тоа ќе ми се случи и мене. Не можам да ве натерам на ништо, но ве молам да ги слушате препораките и да ги сфатите сериозно. Срцето ме боли поради семејствата кои прерано загубија некој, поради оние кои се болни и во страв и поради сите нас кои ќе го преживееме ова, но сигурно ќе добиеме некој вид “PTSP - пост-трауматски синдром” кога сето ова ќе заврши“, заклучила таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг