Метода на популарниот психолог со која може да избегнете секаква кавга – се состои од два чекори

Точка

08/04/2020

18:00

6.579

Големина на фонт

а а а

Александар Свијаш е руски психолог кој што станал познат благодарение на своите книги кои што објаснуваат како да ги совладате основните вештини на живеење и односот со другите луѓе.

Конфликтот и начините на решавање на истиот, се темата на овој експерт за човечката психа. Така тој во едно од своите дела понудил метода за која тврди дека речиси во секоја ситуација може да ни помогне да избегнеме караница со некој кој што сме ја започнале.

Методата се состои од два чекори:

Доколку некој сака да се кара со вас, тоа значи дека од вас му е нешто потребно. Нападот често е наш потсвесен начин да добиеме подлабок примерок на незадоволство.

Затоа прво треба да се запрашете за што всушност станува збор, што некој навистина очекува од вас во одредена ситуација. Може да станува збор за недостаток на самодоверба, доверба, љубов, топлина или внимание...


Клучот е во тоа што не треба да одговораш на провокациите. Дајте сè од вас да се однесувате нормално и јасно да му дадете до знаење на ‘соперникот’ дека не сакате да влезете во конфликт.

Од друга страна пак, многу е важно за својата смиреност да не очекувате никаква благодарност од личноста која што се обидува да започне конфликт.

Напомена: Оваа метода никако не се однесува на ситуациите во кои што има насилство и злоставување на семејството каде што некогаш треба да се делува и физички (законски).  




Спонзорирани линкови

Маркетинг