Моника Белучи првпат јавно го нападна поранешниот сопруг - „Венсан ги заборави ќерките, се надевам дека ќе почне да се грижи за семејството“

Точка

08/04/2020

17:21

4.818

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи која со година живее во Франција, а сега во интервју признала што сè мора да прави за ќерките во карантин.

Моментално и таа е во самоизолација и вели дека таа е единствена која се грижи за нејзините ќерки Дева (15) и Леона (9), за училишните активности и секојдневниот живот.


Сите обврски околу децата ги извршува сама, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, актерската ѕвезда Венсан Касел не е премногу заинтересиран за тоа.

Една од најубавите актерки на сите времиња, со ќерките живее во прекрасна куќа со поглед на океан, на крајбрежјето во Франција. Сега не може да оди на плажа, но слободното време го поминува во својот двор.

Нејзиниот поранешен сопруг сега е среќно венчан со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е постар 30 години. Тој неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на Моника.

Белучи во интервјуто рекла дека нејзиниот свет се врти околу дневните обврски и нејзините ќерки.


Моника е тажна поради моменталната ситуација, бидејќи би сакала нејзиниот сопруг повеќе да се посвети на неговото семејство, а, според нејзините зборови, тој недоволно се занимава со ќерките што ги има со неа.

„Се надевам дека Венсан во еден момент ќе почне да се занимава за сето ова“, рекла Моника во интервјуто, а тоа е нејзината прва замерка и прозивка на негова сметка во последните неколку години.

„Изолацијата нè натера повторно да се споиме, да размислуваме за сè. Вистинската љубов, пријателството и семејството се важни. Моите родители имаат 83 и 77 години и многу ги мислам“, додала таа.

„Ситуацијата во Франција е страшна, но секоја вечер кога ќе го видам бројот на починати во Италија, се запрепастувам. Имам камен во срцето, бидејќи сум емпатична и сочувствувам со болката на другите“, заклучила загрижената Моника Белучи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг