Лукашенко: На корона се подложни тие што пиеја вчера, а денес пушат...

Точка

08/04/2020

09:49

2.636

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека на заболување од коронавирус се подложни луѓето кои што пиеле вчера, а денес пушат.

Откако неодамна Лукашенко ги советуваше граѓаните на Белорусија дека треба да пијат вотка и да одат во сауна за да не се заразат од коронавирусот, сега првиот човек на земјата има нова „експертиза“.

„Вие и јас го цениме здравјето на секој поединец повеќе од што самиот тој човек го цени своето здравје – во тоа е нашиот проблем. Сите се смееја кога пред една година велев дека треба да се занимаваме со спорт, да трчаме, да пиеме помалку и да избегнуваме да пушиме“, изјави Лукашенко и додаде:

„Боже мој, мислеа луѓето. За што па зборува мојот претседател? Денес се уверуваме дека тој несреќен вирус ги пронаоѓа тие кои што пиеја вчера, а денес пушат“, изјави белорускиот претседател Лукашенко.


Да потсетиме, Белорусија е една од ретките земји во Европа во кои не се воведени рестриктивни мерки и режим на самоизолација.

Како што вчера соошпшти министерството за здравство на Белорусија, во таа земја вкупно се забележани 861 случаи, а 13 лица починаа како последица на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг