Панди се пареле првпат по 10 години откако во зоолошката градина завладеал мир поради пандемијата

Точка

07/04/2020

19:13

3.336

Големина на фонт

а а а

Пандите Ле Ле и Јинг Јинг од зоолошката градина „Ocean Park Zoo“ во Хонгконг, првпат успешно се пареле, после повеќе од 10 години.

Зоолошката градина во која живеат двете панди е затворена од јануари поради пандемијата на коронавирусот, а изгледа дека мирот и тишината придонеле за конечно да се опуштат.

Во понеделникот вработените во зоолошката градина објавиле на Фејсбук дека околу 9 часот наутро ги 'фатиле' пандите за време на парење.

Пандите живеат во зоолошката градина од 2017-та година, а последен пат се пареле во 2010-та година. Сите обиди на вработените да ги наведат пандите на парење во последните 10 години биле безуспешни.

„Успешното парење е многу возбудливо за сите нас, особено бидејќи шансите дека ќе тоа резултира со зачнување се поголеми од вештачкото оплодување“, рекол директорот на зоолошката градина, Мајкл Бус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг