Пензија, полн стомак и цигара во рака, ми приоѓа Антиќ и вели: "Потребен си ми"

Точка

07/04/2020

18:27

5.587

Големина на фонт

а а а

Пауло Футре, славниот португалски фудбалер, се потсетил на моментот кога поради Радомир Антиќ одлучил да се врати од пензија.

Футре се повлекол во декември 1997-ма година поради проблеми со десното колено и почнал да работи како амбасадор на Атлетико Мадрид. 

Португалецот имал навика да ги гледа тренинзите на "јорганџиите" и во април не ни сонувал дека повторно ќе облече дрес и копачки.

"Секој четврток го гледав тренингот кој беше од отворен тип, што значи дека и навивачите можеа да го гледаат. Седев на клупа, сакав да го избегнам метежот на трибините, и бев со полн стомак бидејќи тукушто ручав", се сеќава Футре во колумната за "Мундо Депортиво" и додава:

"Палам цигара, кога Антиќ ми приоѓа и ми вели: 'Слушај, планот беше на тренинг да дојдат некои деца од младинската академија, меѓутоа тие ќе пристигнат за еден час. Не можам да чекам толку, потребен ми е играч за резервниот тим. Ајде облечи тренерка и излези на терен'. На тоа му одговарам: 'Тренеру, полн ми е стомакот, не сум тренирал со месеци, не ми го правете тоа'".

Тоа не беше доволно уверливо за Антиќ да се откаже и Футре прифатил да го одработи тренингот.

"Резервите секогаш сакаат да го победат првиот тим, но ги предупредив дека не можам да трчам, да не ми ја додаваат топката и да не помислат да ми направат лизгачки старт. Но, бидејќи секогаш бев натпреварувачки настроен...кога ја допрев топката моите нозе беа толку возбудени што постигнав два гола за 20 минути. Навивачите почнаа да го скандираат моето име. Бев мртов, одвај дишев. Кога влеговме во соблекувалната Антиќ ми кажа дека ме сака во тимот. Следниот ден медиумите почнаа да пишуваат дека магијата се вратила на Калдерон".

Футре ја прифатил понудата на Антиќ и до крајот на сезоната одиграл 10 натпревари за Атлетико Мадрид.

"Тоа беше романтично враќање. Се обидов подоцна во Јапонија. Но, не одеше. Но, не жалам. Не можете да замислите какво е чувството повторно да играте на Калдерон. Почивај во мир, тренеру".

Радомир Антиќ, славниот српски тренер, починал вчера на 72 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг