Ослободил околу 200 потстанари од закупнина: „Не е важно колку ќе загубам, поважно е здравјето на луѓето“

Точка

07/04/2020

17:59

5.153

Големина на фонт

а а а

Закуподавач од Бруклин најавил дека поради пандемијата на коронавирусот ќе се откаже од закупнината на сите свои потстанари, а станува збор за околу 200 лица.

Марио Салерно, на 30-ти март на влезните врати на сите свои апартмани закачил известување кое на неговите потстанари им измамило насмевка на лицата.

„Поради недамнешната пандемија на коронавирусот, која влијае на сите нас, ве ослободувам од закупнината за април“, напишал тој.

Салерно (59), поседува околу 80 апартмани со околу 200 потстанари распоредени во Вилијамсбург и Гринпоинт. Навел дека одлуката ја донел откако слушнал од повеќе потстанари дека имаат финансиски проблеми поради вирусот.

На прашањето на новинарите колку ќе биде во загуба, Салерно рекол дека му е поважно здравјето на луѓето.

„Сакам сите да бидат здрави, тоа е најважно“, рекол тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг