‘Исчезна’ еден од најголемите водопади на светот – реката ја проголтала огромна бездна

Точка

07/04/2020

18:17

3.787

Големина на фонт

а а а

Најголемиот еквадорски водопад, очигледно дека исчезна, откако настанала голема бездна и проголтала поголем дел од водата која што се влевала кон водопадот.

Водопадот Сан Рафаел, на реката Кока, бил голема туристичка атракција, пишуваат од Си-ен-ен и привлекувал над 10-на илјади туристи годишно.

Водопадот е висок 45 метри и завршувал во кратер.

Според снимката која што ја погледнале многу луѓе, водопадот исчезнал и останале само три потоци.

Експертите од еквадорското Министерство за заштита на животна околина веруваат дека бездната се отворила во февруари месец и го пренасочила речникот тек под земјата.

Сè уште не е јасно дали станува збор за природна појава или пак промена на речниот тек предизвикана со изградбата на браната.

Погледнете го видеото:




Спонзорирани линкови

Маркетинг