Штербик образложи како Вардар стана победнички тим: Скопје беше прекрасно искуство за мене!

Дерби

07/04/2020

17:07

2.550

Големина на фонт

а а а

Арпад Штербик минатата недела најави дека коронавирусот предвреме го испрати во ракометна пензија, па поради тоа, официјалната страна на ЕХФ му направи едно интерву на легендарниот чувар на мрежата во кое самиот тој се наврати на неколку незаборавни моменти во кариерата.

Штербик без никаков сомнеж е еден од најдобрите голмани кои некогаш се појавиле во ракометот, а како таков, „Арпад Велики“ беше дел и од првиот и историски успех на Вардар во Лигата на шампионите, кога „црвено-црните“ ја освоија титулата во Лигата на шампионите. Запрашан да опише како се создава победнички тим, Штербик го посочи токму тој тим на Вардар, за кој вели дека во ниту еден момент не се посомневал дека ќе ја освои титулата во Келн.

– Самодовербата и заедништвото прават победнички тим. Кога ќе се навратам наназад на мојата титула со Вардар во 2017-та година, се сеќавам дека имавме огормна самодоверба. Сите верувавме во иста работа. Немаше ниту еден момент кога некој од нас помисли дека нема да ја освоиме титулата. Тоа беше прекрасно искуство и навистина беше убаво чувството да се биде дел од тој тим. Сите бевме како едно и чувствувме дека сите сме на иста бранова должина, – вели Штербик за ЕХФ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг