Скандал го тресе Манчестер сити: Фудбалер организирал оргии во изолација, една од проститутките откри колку ја платил

Точка

07/04/2020

22:31

23.625

Големина на фонт

а а а

Скандалот околу фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој во својот стан организирал оргии во период на пандемија на коронавирсуот, сè уште не стивнува.

Имено, Вокер во станот за време на карантинот повикал пријатели и две проститутки, а другиот ден 'им држел лекции' на неговите следбеници на социјалните мрежи дека е важно да останат дома поради коронавирусот кој ја зафатил и Англија.

Тој потег предизвикал бес кај една од девојките кои биле дел од тој чин, која одлучила сè да им раскаже на новинарите.

21-годишната Луис Мекнамар, раскажала дека со неименувана Бразилка учествувала на таа домашна забава.

„Не знаев дека станува збор за фудбалер, тоа ми го кажа колешката. Стигнавме кај него околу 22:30 часот, дома си заминавме околу 2 часот по полноќ. После сè, за него можам да кажам дека е голем лицемер. Од една страна вика непознати жени во неговиот дом да го задоволат, а од друга страна им држи лекции на луѓето како да се однесуваат овие денови“, рекла девојката и додала дека за услугата им платил околу 3.000 долари во готово.


Вокер ѝ се извинил на јавноста откако скандалот е објавен во медиумите.

„Сакам да се извинам за она што го направив. Знам дека мојата позиција на професионален фудбалер носи голема одговорност. Се извинувам на моето семејство, на пријателите, на клубот и на јавноста што ги изневерив. Постојат херои кои прават разлика во општеството во моментов. Ја поддржувам нивната жртва и работењето со кое спасуваат животи. Моите постапки беа спротивни од она што требаше да го направам“, рекол Вокер.


Се огласиле и од Манчестер сити.

„Разочарани сме од Кајл, но мораме да го земеме предвид и неговиот брз одговор и извинување. Во наредните денови ќе спроведеме интерна истрага и ќе донесеме соодветни дисциплински мерки.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг