Во моторот од автомобилот пронашла гнездо, а потоа останала изненадена од она што било во него

Точка

07/04/2020

16:56

5.312

Големина на фонт

а а а

Кети Ла Барбера ги чула соседите како разговараат пред нејзиниот прозорец. Тие не го возеле автомобилот цела недела, по што не можеле да го запалат.

Кога соседите ја подигнале хаубата, откриле голем број гранчиња и листови напикани во моторот. Ла Барбера која инаку е биолог, излегла да им помогне и открила дека тоа е всушност гнездо – на верверички. 

##https://twitter.com/FeatheredKatie/status/1243689980779728897?s=20##

Верверичките само што биле родени.

##https://twitter.com/FeatheredKatie/status/1243690824770162688?s=20##

“Најдобрата опција беше да се затвори хаубата и да не се користи автомобилот еден месец, но мојот сосед не беше љубител на таа идеја, па затоа го ставив гнездото во кутија заедно со малите верверички”, напишала таа на Твитер.

Кутијата ја поставила под дрвото и ја чекала мајката верверичка. За среќа, мајката се појавила, а како што вели Кети, изгледала како да ѝ олеснило кога открила дека нејзините бебиња се здрави и безбедни, пишува “The Dodo”.

##https://twitter.com/FeatheredKatie/status/1243693715811516418?s=20##

А за оние кои не возат толку често, Кети имала една едноставна порака: “Проверувајте ги своите мотори”.

##https://twitter.com/FeatheredKatie/status/1243694479221161986?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг