На Кина ѝ се заканува трет бран на коронавирусот, властите издале предупредување! Поради овие сцени епидемијата сè уште не е завршена

Точка

07/04/2020

19:00

3.305

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа што епидемијата коронавирус во Кина се намали, предупредувањата на медицинските експерти сè уште се на сила, но очигледно дека на Кинезте им здодеа изолацијата.

Тие сметаат дека крајот на кризата сè уште не се гледа, а Кина, иако значајно помалку и понатаму на дневно ниво има нови заразени пазиенти и смртни случаи.

Празничен викенд во Кина

Меѓутоа, тоа не спречило голем број луѓе за време на празничниот викенд да се соберат на јавните места во поголем дел од градовите во Кина.

Фотографиите од илјадници луѓе собрани на едно место, во планинскиот парк Хуансан, во провинцијата Анхуеј, предизвикале загриженост ширум светот.

Иако многумина носат маски на своите лица, ова популарно туристичко место имало по 20.000 луѓе дневно во текот на викендите.

Во меѓувреме, во Шангај популарните Бунд водопади повторно биле преполни со капачи и туристи.

Многу од градските ресторани кои што биле затворени до претходните неколку дена, исто така сега повторно биле полни, а за резервација потребно било луѓето да се јават и неколку дена претходно.

Слична сцена се одиграла и во главниот град Пекинг. Граѓаните масовно ги посетувале градските паркови и отворените јавни површини.

Наглото враќање на нормалниот живот во Кина се враќа по тримесечна борба со коронавирусот, откако беше откриен во градот Вухан.

„Кина не е пред крајот на епидемијата, само влезе во нова фаза. Со епидемијата која што беснее низ светот, Кина не заврши“ – изјавил главниот епидемиолог од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Зенг Гуанг.

##https://twitter.com/QiZHAI/status/1246632280749039617?s=20##

Трет бран?

Загриженоста дека Кина прерано ги намалила ограничувањата за активностите поради коронавирусот, предупредуваат за ‘трет бран на коронавирусот’ таму.

„Во Хонгконг би можеле да имаме трет бран на коронавирусот. Епидемијата и понатаму е сериозна. Во оваа фаза, сè  уште не сме оптимисти. Тоа што најмногу ме загрижува е неадекватното тестирање на пациентите со благи симптоми,  што нè спречува да го прекинеме ланецот“ – изјавил епидемиологот од Хонгконг, Јуен Квок-јанг. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг