Ова се најотпорните светски економии

Точка

07/04/2020

16:11

6.783

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на COVID-19 внесе невидена количина на неизвесност во глобалната економија, бидејќи земјите ширум светот се борат против проблемите кои растат, спроведуваат широки стратегии за социјално дистанцирање и се обидуваат со фискални интервенции да го стабилизираат пазарот.

Иако управувањето со непосредната здравствена криза е од витално значење и неопходно за економска стабилност, експертите веќе започнале проценка како би можело да изгледа закрепнувањето откако вирусот ќе се повлече и кои земји би можеле да воздивнат први. 

Данска и Норвешка се на врвот на листата на земји со најотпорна економија, односно земји кои веројатно најблаго ќе почувствуваат ударот по светската пандемија, гласи проценката на Осигурителната компанија FM Global.

Листата на отпорност на економските системи ја рангира отпорноста на деловното окружување во 130 земји на основа на фактори како што се политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на окружување, логистички ланци за снабдување и транспарентност.

Десет земји со најголеми капацитети за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.

Од земјите во регионот најдобро пласирана е Хрватска на 37-то место, па Словенија (42), Грција (56), Србија (63), Албанија (95). Македонија на оваа листа се наоѓа на 100-то место.

Како пример за способност во економијата е наведена Данска, која бележи високи оценки за ланци за снабдување, пренесува BBC.

Данска брзо реагирала кога станувало збор за носењето на мерки за социјално дистанцирање поради ширењето на коронавирусот. Мерките како што надомест на 90 проценти од платите на работниците платени по час, и 75 проценти на платите на работниците со полно работно време, биле поздравени од остатокот од светот како пример, бидејќи суштински станува збор за "замрзнување на економијата додека бурата не пројде".

На листата е и Сингапур, за кој се наведува дека е високо на листата поради својата силна економија, нискиот политички ризик, силната инфраструктура и ниската корупција, што го вброило на 21-то место во вкупниот ранг.

Интересно е дека има пофални зборови и за Руанда. Тамошните жители веруваат дека ќе се реши ситуацијата, на подобар начин отколку во соседните земји. Тоа е припишано на подобрувањата во корпоративното управување.

ТУКА можете да го погледнете целиот список.




Спонзорирани линкови

Маркетинг