Регистрирани нови 29 случаи на Ковид-19: За еден ден во земјава пет смртни случаи од коронавирус

Макфакс

07/04/2020

14:41

2.898

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус.

Станува збор за 52-годишен пациент од Куманово, пациентка од Лабуништа, Струга на возрасто од 65 години, 62-годишна пациентка од Челопек, Тетово и една пациентка од Штип на возраст од 81.

Во Куманово во својот дом починал уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години. 

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на инфицирани со коронавирус се регистрирани во: 

Скопје – 254

Куманово – 128

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп –34

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10

Битола –6

Охрид –3

Кавадарци – 2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 3

Радовиш -4

Крушево – 2

Кочани – 17



Спонзорирани линкови

Маркетинг