Видео: Погледнете како изгледаат белите дробови на заразен пациент од коронавирус

Точка

07/04/2020

15:26

5.969

Големина на фонт

а а а

Докторите од Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, ја подигнуваат свеста за опасноста од коронавирусот, па објавиле и ЦТ снимка од белите дробови на заразен пациент од коронавирус.

Познато е дека смртоносниот коронавирус предизвикува симптоми како што се висока телесна температура, сува кашлица и гушење, правејќи голема штета на белите дробови.

Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, објавила видео на кое е прикажан 3Д модел на ЦТ скенирање на белите дробови, на кој жолтата боја покажува колку штета нанесува коронавирусот на ткивото на пациентот.

САД води голема и тешка борба со пандемијата на коронавирусот, а досега заразени се 311.637 луѓе, починати 8.454 луѓе. Бројката на закрепнати пациенти изнесува 14.828.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг