Доктори отишле на прослава, па се заразиле со коронавирус: Директорот на болницата збесна...

Точка

07/04/2020

14:55

4.661

Големина на фонт

а а а

Една од најпрестижните јапонски болници упати извинување поради тоа што 40 доктори кои стажираат биле заедно на прослава, по што во болницата најмалку 18 биле позитивни на тестот за коронавирус.

Универзитетската болница „Кеио“ потврди дека еден доктор бил позитивен на коронавирусот во текот на минатата седмица, а меѓу 98-те доктори кои што подоцна биле тестирани, вирусот бил потврден кај 17 од нив.

Од болницата потврдија дека 40 доктори кои стажирале биле заедно на прослава после работа, при што на самата прослава се проценува дека се заразиле 14 од нив. Директорот на болницата Јуко Китагва се огласи и таквото однесување на докторите го нарече „непростлива грешка“.


Забавата била организирана на 26-ти март, ден подоцна откако градоначалничката на главниот град Токио, Јурико Коике ги повика граѓаните да останат дома за време на викендот и да се воздржаат од собирања.

Да потсетиме, во Јапонија денес беше воведена вондредна состојба откако коронавирусот продолжи да се шири во оваа земја.


Според последните податоци, во Јапонија со коронавирус се заразени 3,906, а 92 лица починаа како последидца на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг