Уште едно бебе на пат: Алек Болдвин и неговата сопруга чекаат петто дете по трет пат

Точка

07/04/2020

13:14

2.376

Големина на фонт

а а а

62-годишниот холивудски актер Алек Болдвин заедно со сопругата Хиларија го чекаат своето петто дете.

Оваа вест пристигна 4 месеци откако инструкторката по јога Хиларија имаше втор спонтан абортус, а истата се појави заедно со фотографија од парот со децата на Инстаграм профилот на магазинот “People”. 

Под објавата наизменично се менуваат пораки, од честитки до оние кои сметаат дека треба да престанат, дека на нејзиното тело му треба одмор, па сè до грди коментари дека Алек изгледа како да ѝ е дедо...

Хиларија и Алек се заедно 8 години во брак, а за тоа време ја добија ќерката Кармен Габриела и синовите Ромео, Леонардо и Рафаел.

Актерот по шести пат ќе стане татко бидејќи од бракот со поранешната сопруга Ким Бесинџер ја има ќерката Ајреленд Болдвин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг