Неверојатна глетка на небото која остава без здив: Торнадо? Погледнете малку подобро...

Точка

07/04/2020

13:25

3.985

Големина на фонт

а а а

Многумина кои што имале можност да го погледнат ова видео останале без здив. Оваа неверојатна сцена е снимена на небото над индиската држава Гуџарат, а фасцинатната појава во орнитологијата се нарекува мурмурација.

Станува збор за ‘роење’ на јато птици што всушност е природен феномен, каде што јатото тргнува едноставно, а во еден момент се раздвојува, се превртува и создава бранови на небото.

Јатото може да содржи над 10 илјади единки, а сè уште не е целосно разјаснето поради што доаѓа до мурмурација.

Некои од експертите сметаат дека тоа е начин на одбрана од предаторите, додека пак други сметаат дека тоа е своевиден начин на задржување на енергијата.

##https://twitter.com/ParveenKaswan/status/1246513381034475520?s=20##

Снимката е споделена на социјалните мрежи, а експертите велат дека неверојатната сцена на небото нема никаква врска со блокадата поради коронавирусот, туку дека тоа е нивно нормално однесување.

Но, сите се согласуваат во едно – овој феномен има повеќе база во физиката отколку во биологијата, а движењето е по принцип на верижна реакција каде што секоја единка е поврзана со секоја една друга, меѓусебно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг