Намерно реков дека тоа е најсмешниот вирус во историјата: Контроверзниот српски доктор го нарекоа „Стенд ап короничар“

Точка

07/04/2020

11:05

8.318

Големина на фонт

а а а

За време на гостувањето во емисијата „Кирилица“, пулмологот Бранимир Несторовиќ се обиде да објасни зошто неодамна изјави дека Ковид-19 е најсмешниот вирус во историјата, изјава поради која се најде на мета на потсмев и критики.

Докторот Несторовиќ кон крајот на февруари на прес-конференција заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Ковид-19 е „најсмешниот вирус во историјата на човештвото и вирус кој постои на Фејсбук“. Сега, откако се најде на мета на потсмев и критики во српската јавност, тој тврди дека тоа свесно го кажал за да ги смири луѓето.

„Апсолутно не ме погодуваат овие напади. Ние го имавме тој состанок уште во февруари и таа позната прес-конференција. Се што кажав, го кажав свесно. Требаше да ги смириме луѓето, да не дојдеме во ситуација во која сега се САД, таму е хаос. Добив четири страници во „Неделник“ пред некој ден со наслов Стенд ап короничар“, изјави Несторовиќ.

„Мене тоа ме воодушеви. Јас секој ден се шетам низ Белград и Обреновац и луѓето се воодушевени. Нивна единствена замерка е тоа што нема 24-часовен полициски час. Тие се залагаат за тоа да бидеме во карантин, а потоа ќе се појават таму некои кои повикуваат да се напушти карантинот и сите да излеземе надвор“, изјави српскиот доктор кој ги повика жените слободно да одат во Милано на шопинг и да ги искористат попустите.

Несторовиќ нагласи дека е редовен професор по медицина веќе 20 години и дека е автор на бројни книги, а сега „одеднаш станал дебил и кретен“.


„Мојата стручност не може да се процени со ова, мојата стручност се оценува на други места. Мене не ми треба некој да ме пофали. Јас сум на крајот од кариерата, финансиски сум обезбеден, немам никаква корист од ова. Што, да бидам познат? Па јас и пред ова на телевизија сум гостувал 120 пати. Јас, да не се фалам, но сум популарен доктор“, изјави Несторовиќ и додаде:

„Единствениот момент кога бев во искушение да реагирам беше кога мојата ќерка ми рече: „Тато, знаеш ли што се пишуваат за тебе на Твитер?“. Но, потоа излегов на улица и 20 луѓе ме поздравија и поддржаа“, вели српскиот доктор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг