Нова трагедија за „проколнатото“ семејство: Пронајдено телото на внуката на Кенеди, потрагата по нејзиниот син продолжува

Точка

07/04/2020

09:50

5.423

Големина на фонт

а а а

Телото на Маеве Кенеди Таунсенд, внука на починатиот Роберт Ф. Кенеди е пронајдено во понеделникот навечер, а потрагата по нејзиниот син продолжува, соопштија од полицијата во Мериленд.

Ќерката на поранешната гувернерка на Мериленд, Кејтлин Кенеди Таунсенд и нејзиниот син Гидеон МекКин исчезнаа во петокот навечер откако со кану пловеле кон заливот Чесапик. Спасувачите на “Charles County Dive and Rescue” го пронашле телото на Таунсенд на длабочина од 8 метри, на 4 километри јужно од куќата на нејзината мајка од каде што тргнале со кануто.


Полицијата на Мериленд соопшти дека денес ќе продолжи потрагата. Спасувачките служби добиле дојава во четвртокот попладне дека две лица во мало кану пловеле кон заливот Чесапик. Спасувачите веднаш тргнале кон тоа подрачје, а вечерта било пронајдено пловилото, но без луѓе.

Според првичната истрага, најверојатно кануто се превртило додека тие се обидувале да дофатат топка, пренесува „ЕнБиСи“. Потрагата инаку траела повеќе од 26 часа и било пребарано подрачје од 5,887 километри.


Американските медиуми потсетуваат дека семејството Кенеди го погодиле бројни трагедии. Дедото на исчезнатите – Роберт Ф. Кенеди и вујкото на мајката, поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди беа убиени, а Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин настрадаа во авионска несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг