Борис Џонсон заврши на интензивна нега поради коронавирусот: На британскиот премиер му се влоши состојбата!

Точка

06/04/2020

21:53

3.450

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради коронавирусот.

Премиерот е приклучен на респираторна машина, но неговата состојба будно се следи, наведува „BBC“.

Џонсон е сместен на интензивна нега поради “упорни симптоми на коронавирус“ велат од Даунинг стрит.

Како што се наведува, неговата здравствена состојба се влошила за време на вечерата, па после препорака на лекарите е префрлен на одделението за интензивна нега.

Претходно беше соопштено дека Џонсон и понатаму е во болница, каде беше сместен во неделата, бидејќи 10 дена откако бил позитивно тестиран на вирусот и понатаму покажувал симптоми.

„Премиерот и понатаму е во болница“, рекол извор од британската влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг