Проповедник ја критикувал хистеријата околу коронавирусот - па починал! Кобна била посетата на музичкиот фестивал

Точка

06/04/2020

21:13

1.926

Големина на фонт

а а а

66-годишниот пастор и уличен музичар кој рекол дека известувањето на медиумите за коронавирусот било претерано, починал од вирусот откако патувал од Вирџинија да проповеда на фестивалот „Mardi Gras“.

Лендон Спредлин починал во вторникот во болница во Северна Каролина, после осум дена поминати на интензивна нега. Бил хоспитализиран кога добил воспаление на белите дробови кога се враќал од Луизијана до Вирџинија.

„Никогаш не мислевме дека татко нѝ ќе почине поради ова. Но, тој не беше тип на човек кој живееше во страв“, изјавила за BBC неговата ќерка, Џес Спредин.

Пред да се разболи, пастор со семејниот бенд настапил во Њу Орлеанс.

Според зборовите на неговата ќерка Џес, неговиот план бил да одат во пабови, клубови и барови, да свири блуз и да се поврзе со музичарите, само за да им каже дека Исус ги сака.

Пасторот верувал дека фестивалот „Mardi Gras“ е прилика за ширење на своите верски пораки преку улична музика.

Наместо тоа, со оглед дека растат случаите на коронавирус во Њу Орлеанс и ширум САД, експертите укажуваат дека повеќемесечната свеченост „Mardi Gras“ е една од причините за ширење на коронавирусот.

Во објава на Фејсбук, на 13-ти март, пасторот ја споредил смртта од свинскиот грип и смртта од коронавирусот. Исто така сугерирал дека критиката за управување со коронавирусот на претседателот Трамп била политички мотивирана од 'масовна хистерија'.




Спонзорирани линкови

Маркетинг