Позната манекенка објави рецепт за палачинки кои не дебелеат - потребни ви се 3 состојки и сè е готово за 3 минути!

Точка

06/04/2020

20:47

5.321

Големина на фонт

а а а

Манекенката Карли Клос, со оглед дека мора да внимава на линијата, сподели рецепт за здрави палачинки од 3 состојки кои не дебелеат.

Манекенката овој рецепт го сподели пред неколку години на Јутјуб, но бидејќи сме во изолација и малку се движиме, а повеќе јадеме, овој рецепт може добро да нѝ дојде.

Она што ви е потребно за здрави палачинки се една банана, едно јајце и малку освесни снегулки или овесно брашно.

Доколку постите или сте вегани, јајцето можете да го замените со бадемово или овесно млеко.

Ставете ја истолчената банана во блендер, додадете го јајцето и овесните снегулки и кратко матете. По желба додадете цимет или некој друг зачин.

Загрејте малку кокосово масло (или некое друго масло кое го користите) на тава, а потоа со чажица вадете од смесата.

Палачинките пржете ги две до три минути од двете страни, а може да ги сервирате со овошје, чоколадо, мед...



Спонзорирани линкови

Маркетинг