Кинезите одвај дочекале: Туристичките локации преполни, а еве што им порачале епидемиолозите

Точка

06/04/2020

19:54

3.446

Големина на фонт

а а а

Голем број на луѓе во Кина ги окупирале познатите туристички локации и поголеми градови ширум Кина во текот на празничниот викенд, и покрај предупредувањата од експертите дека пандемијата на коронавирусот не е завршена.

Фотографиите настанале на 4-ти април во планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи и прикажуваат илјадници луѓе од кои многумина носеле маски, но биле многу блиску едни до други. Сите сакале да минат време на отворено по долгиот период на забрана за патување и строгите мерки на карантинот. 

Метежот бил толку голем што во 7:48 часот било објавено дека паркот го достигнал својот дневен капацитет од 20.000 посетители и дека повеќе нема да прима.

Во меѓувреме шеталиштето Бунд покрај реката Хангпу во Шангај исто така било преполно со туристи и оние кои се одлучиле да одат на шопинг. Ова шеталиште неколку седмици било сосема празно. Многу ресторани кои биле затворени сега повторно работат, а некои од нив бараат резервации пред влегувањето. 


Слична ситуација има и во Пекинг, каде луѓето престојувале на отворени места и во паркови.

Наглото враќање на секојдневието доаѓа по повеќе од три месеци од откривањето на коронавирусот во кинескиот град Вухан. Вирусот се проширил низ целиот свет, заразени се повеќе од милион луѓе, а животот во Кина бил речиси сопрен за да се спречи ширењето на вирусот.

Додека владата полека ги намалува рестрикциите, кинеските експерт за здравство ги повикуваат жителите да останат внимателни.

##https://twitter.com/FarhangNamdar/status/1246844669524348935?s=20##

Главниот епидемиолог во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Женг Гуанг, рекол дека пандемијата во Кина не завршена.

"Пандемијата не ни блиску до крајот во Кина, туку влезе во втора фаза. Во остатокот светот беснее", рекол тој.

По објавата на фотографиите од паркот Хуангшан, официјалниот весник на владејачката Комунистичка партија пратил јасна порака до туристите да не собираат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг