Трогателна исповед: Жена не го посетила нејзиниот починат сопруг за да не троши маски кои им се потребни на лекарите

Точка

06/04/2020

19:40

1.799

Големина на фонт

а а а

Медицинската сестра Блер Гудри од Њу Орлеанс, споделила искуство кое го доживеала во болницата во која работи.

Имено, една жена одлучила дека нема да го посетува сопругот кој бил во болница поради коронавирусот, за да не троши од медицинска опрема која недостасува, а која му е потребна на медицинскиот персонал.

„Пациентот имаше седумдесет години и не беше добро. Неговата сопруга секој ден ме бараше и ми велеше дека не знае што со себе, само седеше дома и плачеше. За жал, тој почина“, раскажала Гудри за „People“.

„Таа можеше да дојде, бидејќи ако знаеме дека некој е пред смрт, сопружникот и децата имаат право на посета. Но, таа знаеше дека ќе мора да користи заштитна опрема за време на посетата, што значи дека тоа ќе ги намали нашите залихи. Тој несебичен чин ме расплака“, раскалажа медицинската сестра.

„Нашиот оддел има највисока стапка на смртност во болницата. Тоа е навистина тажно и исцрпувачки. Плачам секој ден. Не можевме да предвидиме дека еден ден ќе ги тешиме членовите на семејството покрај болничкиот кревет, а веќе другиот ден ќе мора со нив да разговараме преку телефон поради препораките за посета. Тоа е навистина тешко“, раскажала Блер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг