Клубовите од Серија А се договорија – фудбалерите со скратени плати

Макфакс

06/04/2020

17:10

888

Големина на фонт

а а а

Клубовите во Серија А се согласија да ги скратат платите на своите фудбалери до една третина како одговор на кризата по пандемијата на корона вирусот.

Лега Серија А во понеделникот имаше итен состанок преку видео-врска откако преговорите со синдикатот на фудбалери (АИЦ) не донесе решение, по што 19 клубови се согласија да ја намалат платата за една шестина ако сезоната се заврши до една третина ако сезоната не продолжи. Единствен тим кој не гласаше беше Јувентус, откако тие веќе се согласија со своите играчи за намалување на платите.

„Со цел за намалување на трошоците на плати во Италија и странство, Лега Серија А едногласно реши, со исклучок на Јувентус кои веќе имаат договор, да се ограничат платите на фудбалерите, тренерите и другите членови на првиот тим. Оваа интервенција е нужна да се обезбеди иднината на италијанскиот фудбалски систем, и претставува кратење од 1/3 од вкупните годишни примања (или четири просечни месечни плати) ако сезоната не заврши и намалување од 1/6 од вкупните годишни примања (или две просечни месечни плати), доколку преостанатите натпревари се одиграат во следните месеци“, се вели во соопштението на Лега Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг