Касилјас даде уникатен предлог за „Ел Класико“ пресметка, Иниеста веднаш ја прифати: Прави ги составите!

Дерби

06/04/2020

16:59

2.287

Големина на фонт

а а а

Икер Касилјас постојано е активен на социјалните мрежи и дава предлози за тоа како може полесно да се мине цела оваа криза со коронавирусот, но бидејќи не се сомнева дека со добра дисциплина ќе заврши истата, сега испрати еден уникатен предлог до своите поранешни колеги од Реал Мадрид, но и до легендите на Барса кои доскоро го носеа дресот на каталонскиот гигант.

Касилјас преку својот официјален Твитер профил даде предлог за одигрување на „Ел Класико Винтиџ“ натпревар во кој би учествувале легенди на двата најреномирани клуба во Шпанија, а крајна цел би била да им се помогне на семејствата кои останале најпогодени и најзагрозени од пандемијата која го стопираше цел свет.

– Звучи смешно, но јас ве имав и како ривали, но и како соиграчи. Имаше се и сешто… КОГА ЦЕЛА ОВАА СИТУАЦИЈА ЌЕ ПОМИНЕ, треба да се собереме сите легенди од пред неколку години и да одигра „ЕЛ КЛАСИКО ВИНТИЏ“!! Ќе им помогнеме на луѓето кои им е најпотребно, – порача Икер, а Иниеста веднаш го прифати предизвикот и му одговори.

– Почни да ги правиш составите… И сметај на мене!!




Спонзорирани линкови

Маркетинг