Портпаролот на Путин за деновите по коронавирусот: Вирусот е само почеток, еве што може да не докрајчи

Точка

06/04/2020

16:50

6.130

Големина на фонт

а а а

Очекуваме глобална економска криза во блиска иднина, рекол портпаролот на Кремљ во неделата, на 5-ти април во емисија на руска телевизија, каде исто така зборувал за зголемување на производството нафта и ставот на Русија на таа тема.

Претстојната светска економска криза и цената на нафтата биле главна тема на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според неговите зборови, пандемијата на коронавирусот ќе ја следи економска криза и би било подобро да се соработува со други земји. 

Зголеменото производство на нафта ќе ја сведе цената на минимум, што е не од корист за никого, рекол портпаролот на рускиот претседател.

"Секако дека сега гледаме дека нашите саудиски партнери применуваа невидени намалувања на ценета и невидено зголемување на производството. Тоа доведе до фактот дека наскоро сите светски резерви на нафта ќе се наполнат. Цистерните повеќе не се користат за транспорт на нафта, туку како движечки депоа. Тоа ќе предизвика минимална цена на нафтата, што не од корист за ниедна земја", рекол Песков за Русија-1.

Од своја страна, Русија е одлучна конструктивно да преговара за нафтата и не гледа алтернатива, рекол портпаролот.

"Русија не се заложуваше за кршење на OPEC+. Претседателот Путин и Русија во главно се склони кон конструктивен преговарачки процес кој е клучен за стабилизацијата на глобалниот енергетски пазар", продолжува портпаролот на Кремљ.

Владимир Путин на 3-ти април одржал состанок за глобалниот пазар за нафта, во текот на кој изјавил дека Русија е подготвена да соработува со своите партнери од OPEC и САД на пронаоѓање на прифатливо решение за цената на нафтата.

Глобалната криза, предизвикана од коронавирусот ќе продолжи, а многу земји ќе треба да се координираат и да соработуваат, рекол Песков.

Зборовите на Песков, меѓу другото, јасно даваат до знаење дека постои веќе актуелна економска криза која само се влошува поради коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг