Ги советуваше граѓаните да пијат вотка и да одат во сауна, а дали сега се кае? Во Белорусија 13 починати и 700 заразени

Точка

06/04/2020

16:10

7.347

Големина на фонт

а а а

Бројот на заразени со коронавирус во Белорусија се искачи од 562 на 700, а како последица на вирусот досега починаа 13 лица, соопштија од белоруското министерство за здравство.

Најголемиот дел од заразените имале благи или умерени симптоми, а 53 лица досега се опоравиле. Како што тврдат белоруските власти, во последните неколку седмици биле тестирани вкупно 40 илјади луѓе во 13 лаборатории ширум земјата.

Сепак, наглото ескалирање на ситуацијата е лоша вест за земјата чиј претседател Александар Лукашенко упорно одбива да воведе рестриктивни мерки. Тој кон крајот на март изјави дека „хокејот е најдобар лек против вирусот“ и ја шокираше светската јавност со советите до населението. Според него, за заштита од коронавирусот доволно е да се пие вотка, да се оди во сауна и редовно да се доручкува.


Лукашенко строгите мерки кои ги воведоа другите земји ги нарече хистерија и одби да ги откаже големите настани во земјата, како што е Денот на победата на 9-ти мај.

„Нека не чува Господ од коронавирусот“, порача тогаш Лукашенко и тврдеше дека светските сили ќе го искористат вирусот за да го прекројат светот без војна.


Тогаш Лукашенко укажа дека во Белорусија има само четири починати како последица на коронавирусот, а сега откако таа бројка скокна на 13, не е познато каква ќе биде реакцијата на белорускиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг