Словенија за малку го избегна италијанското сценарио: Да не воведевме мерки, ќе имаше 90 илјади мртви...

Точка

06/04/2020

20:34

8.397

Големина на фонт

а а а

Словенечките епидемиолошки експерти сметаат дека државата се приближува кон врвот на епидемијата и дека се ќе биде појасно до крајот на овој месец – според нив, Словенија за малку го избегнала италијанското сценарио.

Според словенечките експерти, земјата се ближи кон клучната фаза од епидемијата и се надеваат на појасна слика кон крајот на овој месец.

Епидемилогот и експерт во националниот Институт за национално здравје, Милан Крек предупреди на важноста за одржување на социјална дистанца како главен фактор за сузбивање на епидемијата.


„Вирусот нема ниту нозе, ниту крилја. Вирусот може да го шират само луѓето и се зависи од нас и нашето однесување“, изјави Крек.

Тој предупреди дека според пресметките на словенечките експерти, за време на тримесечното траење на кризата со епидемијата на коронавирусот во Словенија, доколку не би биле воведени рестриктивните мерки кои сега се на сила, во земјата би биле заразени 480 илјади луѓе, а во самиот врв од епидемијата би можеле да починат 90 илјади луѓе.

Според Крек, рестрикциите сега во Словенија започнале да делуваат и тоа е исклучително добра вест, затоа што земјата била на чекор од италијанско сценарио.


Во Словенија, слично како и во Италија, на почетокот од епидемијата вирусот во голема мера навлезе во болниците, но Љубљана со итни мерки успеа тоа да го стави под контрола. Посебен проблем во Словенија беше тоа што вирусот се прошири и во домовите за стари лица кои се најпогодени од Ковид-19.

Во Словенија вчера беа регистрирани нови 24 случаи, а бројката на починати скокна за две лица, со што се искачи на вкупно 30 смртни случаи. Според последните информации, вкупниот број на заразени во земјата е 1021.



Спонзорирани линкови

Маркетинг