Полицискиот час во Дубаи е продолжен на 24 часа и тоа на период од две седмици во обидите на тамошните власти да го сузбијат ширењето на коронавирусот.
На граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за купување на основните намирници, а притоа само на еден член на семејството ќе му биде дозволено да го напушти домот. Против сите кои ќе ги прекршат мерките ќе биде преземена соодветна правна постапка.
Управата за патишта и транспорт на Дубаи објави дека услугите на јавниот превоз ќе бидат бесплатни за подеинците на кои им е дозволено да ги напуштат своите домови. Супермаркетите аптеките и испораките на храна и лекови ќе работат нормално во текот на денот.
Опсежни медицински испитувања ќе бидат извршени во густо населените области за спречување на ширењето на вирусот.
Во Абу Даби полицискиот час и натаму трае од осум часот навечер до шест наутро, а полицискиот час во Обединетите Арапски Емирати беше воведен на 26-ти март.
Според последните информации, во Обединетите Арапски Емирати досега се регистрирани 1,799 случаи на коронавирус, а како последица на вирусот 10 лица починаа.