Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Макфакс

06/04/2020

11:09

650

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000 заштитни скафандери кои денеска пристигнаа во земјава.

„Сакам да испратам посебна благодарност до унгарската влада која во овие тешки моменти за сите, одвои средства и испрати помош за македонските граѓани. Денеска пристигнува Унгарскиот министер за надворешни работи и голем пријател на Македонија, Петер Сијарто заедно со пакети помош составена од маски и медицински заштитни одела за луѓето во првата линија во борба против пандемијата. Благодарност до премиерот Виктор Орбан и до целата влада од која минатата недела побарав, а денес испорача помош значајна за нашите луѓе кои се борат да спасат животи“, напиша Мицкоски.

Тој наведе дека во услови на затворени граници, ова ќе биде прва официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња.

„Пријателите се познаваат во тешките моменти. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја. Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје. Сакам да соопштам дека многу брзо ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштитата на здравјето и борбата против короната. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите. Се надевам дека целата влада ќе ја поддржат иницијативата, но уште поважно, така заеднички ќе испратиме благодарност до оние кои се вложуваат себе си, за сите нас“, напиша Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг