Шефот на јавното здравство на САД со драматична порака: Ова ќе биде најтешката седмица во вашиот живот, следува нешто како 11-ти септември...

Точка

06/04/2020

22:13

3.190

Големина на фонт

а а а

Шефот на американското јавно здравство предупреди дека оваа седмица ќе биде најтешката и најтажна во животот на Американците – нешто слично на Перл Харбор и 11-ти септември, со тоа што нема да биде локализирано.

Се чини дека пред Соединетите Американски Држави е најтешката седмица (или седмици) во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Американските власти веќе подолго време предупредуваат дека е можен пораст на починатите во сојузните земји као што е Њујорк (најтешко погодената сојузна држава, вклучувајќи го и самиот град), како и Мичиген, Луизијана, но и остатокот на земјата.

Шефот на јавното здравство на САД, вицеадмиралот Жером Адамс во драматичното интервју за „Фокс Њуз“ изјави: „Ова што следува ќе биде најтешката и најтажната седмица во животот на повеќето Американци. Ова ќе биде момент како Перл Харбор, како 11-ти септември, само што нема да биде локализиран“.

Да потсетиме, коронавирусот во САД започна да се шири нешто подоцна од Европа, каде што патем се гледаат веќе првите знаци на опоравување од пандемијата, но ескалацијата кога пристигна „преку океанот“ беше нагла.

Според последните податоци, во САД како последица на коронавирусот имаат починато над 10 илјади лица, а земјата по бројот на заразени е убедливо на првото место на светот – дури 340 илјади потврдени случаи на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг