Добри вести од Европа: Дневниот број на починати од Ковид-19 опаѓа во Италија, Шпанија, Франција, Германија...

Точка

06/04/2020

22:14

11.813

Големина на фонт

а а а

Најтешко погодените европски земји од пандемијата на коронавирусот - Италија, Шпанија, Франција и Германија имаат причини за оптимизам.

Имено, податоците за последните 24 часа покажуваат намалување на бројот на починати како последица на Ковид-19 во однос на претходните денови, што е во секој случај охрабрувачка вест. Италија, каде што ситуацијата е најтешка, во текот на вчерашниот ден регистрираше 525 починати, а тоа е најмалиот број во последните две седмици.

Високиот претставник на италијанскиот здравствен систем, Силвио Брусаферо порача: „Кривата го достигна врвот и сега започна да се намалува. Ова е резултат кој сега мораме да го добиваме секој ден понатаму. Доколку го потврдиме тоа, мораме да започнеме да размислуваме за идната фаза и да не дозволиме да дојде до ново ширење“.


Според експертите, голем предизвик за сите земји ќе биде „релаксирањето“ на постоечките мерки без притоа народот целосно да се опушти и да дојде до нова ескалација на бројот на заразени со коронавирус.

Наскоро не би изненадило да дојде до постепено попуштање на мерките, со нивно евентуално повторно ставање на сила доколку податоците покажат дека можно е ново ширење на болеста.





Спонзорирани линкови

Маркетинг