Борис Џонсон примен во болница со нагласени симптоми на коронавирус

Точка

06/04/2020

01:58

4.219

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е хоспитализиран поради дополнителни тестирања во болница во Лондон, бидејќи има нагласени симптоми на вирусот. "Sky News" истакнува дека Џонсон ќе остане во болница толку долго колку што ќе биде неопходно, а други медиуми истакнуваат дека најверојатно ќе преноќи во таа установа.

Некои медиуми тврдат и дека Џонсон ќе биде прикачен на респиратор поради проблеми со дишењето. 

"На совет од лекарите, премиерот вечерва ќе биде примен во болница за да се извршат тестови. Ова е само мерка за внимателност, бидејќи премиерот и натаму има нагласени симптоми на вирусот, 10 дена откако е откриено дека е носител", стои во соопштението од неговиот кабинет на Даунинг Стрит.

"Премиерот им се заблагодарува на здравствените работници на нивната неверојатна работа и апелира до граѓаните да продолжат да се придржуваат до мерките кои се пропишани од владата и да останат дома", се додава во објавата за медиуми.

Џонсон работел од самоизолација од 27-ми март, кога му бил дијагностициран коронавирус, а во четвртокот рекол дека "се чувствува подобро".

Британскиот премиер комуницирал со јавноста преку видео-клипови кои ги снимал со телефон, а на нив било видливо дека не се чувствува добро. Секретарот за здравство на прес-конференција рекол дека премиерот се чувствува "океј".




Спонзорирани линкови

Маркетинг