Пожар кај Чернобил го зголеми нивото на радијација

Точка

05/04/2020

16:53

3.804

Големина на фонт

а а а

Во околината на електраната Чернобил изби пожар поради што е зголемено нивото на радијација, соопштија украинските власти.

Областа е евакуирана, а во гаснењето на пожарот учествувале 130 пожарникари и два авиона, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Пожарот се проширил на околу 100 хектари, рекол шефот на украинскиот инспекторијат за екологија, Јехор Фирсов. 

Огнот гори во рамки на ексклузивната зона на Чернобил, која опфаќа 2.600 метри квадратни, а е воспоставена после нуклеарната катастрофа во 1986 година, кога радиоактивен облак зафати поголем дел од Европа. 

Зоната е воглавно ненаселена, но околу 200 луѓе останаа да живеат тука и покрај предупредувањата да си заминат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг