Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека насекаде низ светот, па така и кај нас има заразени здравствени работници од коронавирусот и апелираше дека мора да се штитат и да внимаваат.
„Заболени здравствени работници има и кај нас, и во светот. Тие се луѓе кои се во непосреден контакт со заболените. Кај нас се вкупно 52 лица, од кои 34 се заболени во болнички или амбулантски услови. Во проценти тоа е 9,5 кај нас.
Во Куманово на Инфективната клиника веќе пристигнаа двајца лекари, еден од Скопје и еден од Штип кои ја координираат работата.
Апелирам до колегите максимално почитување на протоколите, да се штитат на работните места, но и надвор од нив. Треба да внимаваат постојано, бидејќи улогата на здравствените работници е од примарно значење во овој момент во земјава. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од нив“- рече Филипче.