Во болницата „8 Септември“ почина и кумановец позитивен на коронавирусот

Точка

05/04/2020

16:03

2.419

Големина на фонт

а а а

Освен пациентот од струшкото село Лабуништа кој што почина на Инфективната клиника, а кој што имал тешка клиничка слика, во болницата „8 Септември“ почина и кумановец чиј тест на 1-ви април бил позитивен на коронавирусот“ – соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Со ова, бројката на починати лица во Македонија како последица на коронавирусот се искачи на 18, а во последните 24 часа регистрирани се нови 71 заболени од вирусот.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, од кои 15 се со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, а другите пациенти се во постабилна здравствена состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг