Филипче: „Влегуваме во критична фаза од справување со коронавирусот, а пикот се очекува кон крајот на април“

Точка

05/04/2020

15:47

5.384

Големина на фонт

а а а

„Се наоѓаме во критичниот момент, со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19. Со оглед на тоа што одиме кон пикот во следните неколку недели, влегуваме и во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес“.

Министерот информраше дека на инфективната клиника има вкупно 75 пациенти од кои 15 се во тешка состојба.

Тој додаде дека поради порастот на заболени од Ковид-19 во функција ќе се стави и мобилната болница инсталирана кај Клиниката за инфективни болести, додавајќи дека во зградата на клиниката има уште слободни кревети. 

Како што кажа Филипче, пациентите со лесна форма на болеста ќе бидат упатувани на домашно лекување, додека средно тешките и тешките случаи ќе се хоспитализираат во клиниката за инфективни болести.

Тој извести дека пикот на коронавирусот се очекува да биде кон крајот на месец април, а дека бројката на заболени пациенти може да достигне до 2.000.

Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.

Како нов регионален центар за справување со коронавирусот е посочена и болницата во Битола, извести министерот Филипче на дешната прес-конференција.

Тој извести дека во овој момент бројката на кревети во болницата е 35, но истиот може да се зголеми на 100.  

Тој исто така потенцираше дека на располагање е и капацитетот на болницата „8 Септември“ каде што се обезбедени 400 болнички кревети за дијагностика и третман на заболени од коронавирусот.

Каде ќе бидат сместувани заболените пациенти ќе се одлучува во координација со Клиниката за инфектологија.

Покрај тоа, Филипче вели во преговори се со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг